ДЕТАЛИ ЗА ПРОЕКТОТ

Конзерваторско-реставраторски работи на објект од староградска архитектура на ул. Гоце Делчев бр. 55-57 во Штип

Опис на проектот

Објектот на улицата Гоце Делчев бр. 55 и 57 во Штип е тип на карактеристична староградска архитектура од крајот на 19 век. Се наоѓа во непосредна близина на центарот на Штип, а со источната фасада излегува на главната улица. Куќата била на еден сопственик, што е видливо по нејзината концепција и архитектонска композиција. Во некој период, куќата е поделена на двајца сопствениви, така да сега се води на две катастарски парцели. Сопствениците на куќата со број 55, имале извршено поправки и несоодветни интервенции на целата куќа, со што оваа куќа пред нејзината реставрација имаше изгубено од нејзината автентичност. Додека другиот дел од куќата со број 57 беше сочувана во оригинална состојба со оштетувања.

Куќата е градена на традиционален начин и тоа во бондрук конструкција, во приземјето со исполна од тула, а на катот со дасчана оплата од штички. Користен е варов малтер и фасадна бела боја. Оригиналните прозорци се дрвени двокрилни со опшив. Катот конзолно е исфрлен со декоративни косници. На аглите од куќата и помеѓу прозорците изведени се декоративни пиластри со капители. Кровната конструкција е дрвена, а кровниот покривач е од ориентална ќерамида.

Со извршената конзервација, санација и реставрација на објектот, вкучувајќи обнова на фасадата, замена на кровот и целокупната столарија. На делот од објектот со број 55 вратена е автентичната состојба, аналогно на делот од куќата со број 57 и со тоа повторно формирана е целина од овој објект.

Куќа Личкови

Опис на проектот

Објектот се наоѓа во Штипско Ново Село и претставува објект под заштита на културното наследство. Штипско Ново Село се наоѓа на југозападниот дел од градот на устието на река Отиња во река Брегалница.

Ново Село е организирано и економски неделиво од градот и само специфичната конфигурација на теренот визуелно ја одделува оваа населба од градот.

Населбата Ново Село е распространета на падините на ридовите Кумлакот, Исарот и Мерите. Самата населба поради теренот на кој е лоцирана овозможува богати визуелни доживувања. Во својата урбана физиономија, структура и композиција населбата се врзува со урбаните концепции на македонските населби од XIX век.

Населбата е поделена на станбени реони – маала кои содржат куќи за живеење, фурни и чешми, додека работната зона- чаршијата се наоѓа во средишниот дел на населбата, по потегот на улицата “Крсте Мисирков”. Оваа улица претставува главна сообраќајна артерија на населбата. Објектите од чаршијата (трговија и занаетчиство) најчесто ги зафаќаат приземните партии на станбените објекти кои се изградени по должина на оваа улица.

Повеќето од занаетите, кои егзистирале во XIX век и почеток на XX век денес не се присутни. Некои од дуќаните во станбените објекти се претворени во станбени простории. Денес функционираат само неколку продавници. Таков е и случајот со објектот на ул. “ Крсте Мисирков” бр. 67, каде што во приземниот дел се наоѓа бурекџилница.

Отворено новоизграденото училиште „Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонско пријателство“

Опис на проектот

Со почеток во 12 часот свечено беше отворено новоизграденото училиште “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонско пријателство” во населба Драчево, општина Кисела Вода. Особена чест и задоволство ни претставува што компанијата Линика Инженеринг е изведувач на овој објект и што уште еднаш со нашата работа и посветеност успеавме да придонесеме во создавaњето на современи услови за едукација на најмладата генерација, како и за извршување на наставниот процес и градење на енергетски ефикасни училишта.

Објектот го отворија министерот образование и наука на Република Македонија Абдилаќим Адеми, градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и амбасадорот на НР Кина во РМ, неговата екселенција Вен Џеншун. Новото училиште во населбата Драчево се протега на 4500 квадратни метри во кои се сместени 35 училници, 5 модерно опремени кабинети и библиотека. Во дворот кој се протега на 16000 квадрати ќе има фудбалско игралиште, кошаркарско игралиште, атлетска патека, простор за слободни активности на отворено. Средствата за овој објект се обезбедени како дел од склучениот договор на Владите на Република Македонија и НР Кина за билатерална соработка.

Повеќе информации за објектот ќе најдете и на веб страната на општината Кисела вода.

Станбено деловен објект - Скопје

Опис на проектот

Објектот се наоѓа на улица Востаничка бр.2 во општина Центар, на падините на Водно. Избраната локација нуди исклучително брз сообраќаен и пешачки пристап до строгиот центар на Скопје. Во непосредна близина на објектот се наоѓаат три основни училишта и две детски градинки. Заради поголемата надморска височина во однос на центарот, како и непречениот тек на свеж и чист воздух од планината Водно, локацијата нуди одлични услови за живеење и домување. Објектот е самостоен (не е лепенка), а становите нудат прекрасен поглед на центарот на градот.

Станбениот објект (П+2+Пк) поседува 2 деловни, 2 трособни, 4 дуплекси и два четворособни станови по проектантско решение наречено ХИБРИД. Интенцијата на инвеститорот Еликософт Раде Дооел е да им овозможи чувство на идните сопственици за индивидуално домување, уникатност и пријатен амбиент. Сите станови имаат големи стаклени површини со цел да се овозможи поголема светлина и визури кои порадаи убавата поставеност на објектот се присутни од сите страни. Пријатниот зимски амбиент го збогатуваат камини обработени во камен во сите станови. За поголем комфор е предвидено индивидуално греење. За поголема ексклузивност на целиот објект завршната обработка предвидува висококвалитетни материјали, под обработен од дабов паркет, италијански плочки од прва класа, влез во гранитни плочки и ограда на терасите од чадено стакло. Партетот на објектот ќе се реализира со високо ниво на хортикултурно уредување и надворешно осветлување. Објектот поседува внатрешен лифт, покриен паркинг простор за 11 возила.

Погледни детални информации во каталогот за овој објект на следниот линк.

Реконструкција на ОУ „Светозар Марковиќ“ - Старо нагоричане

Опис на проектот

За потребите на проектот за реконструкција на училишна зграда ОУ „Светозар Марковиќ“ во општина Старо Нагоричане, Линика Инженеринг изврши реконструкција на кров и инсталација на громобранска заштита.

Реконструкција на ОУ „Асдрени“ и „Фаик Коница“ - Теарце

Опис на проектот

За потребите на проектот за реконструкција на училишна зграда ОУ „Асдрени“ во општина Теарце, Линика Инженеринг изврши градежно – занаетчиски работи: поставување на котлара и инсталација на централно парно греење.

За потребите на проектот за реконструкција на училишна зграда ОУ „Фаик Коница“ во општина Теарце, Линика Инженеринг изврши монтажа на прозори и врати – PVC столарија, поставување ќерамички плочки (реконструкција на под).

Реконструкција на ОУ „Браќа Рибар“ - Куманово

Опис на проектот

За потребите на проектот за реконструкција на училишна зграда ОУ „Браќа Рибар“ во општина Куманово, Линика Инженеринг изврши градежно занаетчиски работи: поставување на котлара и инсталација на централно парно греење.

Реконструкција на ДУСО „Орце Николов“ - Карпош

Опис на проектот

За потребите на проектот за реконструкција на училишна зграда ДУСО „Орце Николов“ во општина Карпош - Скопје, Линика Инженеринг изврши реконструкција на тоалети.

Изградба на спортско игралиште и реконструкција на кров на ОУ „Драга Стојанова“ - с.Патишка Река

Опис на проектот

За потребите на проектот за изградба на спортско игралиште и реконструкција на кров во ОУ „Драга Стојанова“ во с.Патишка Река, Линика Инженеринг изврши изградба на спортско игралиште (изградба на игралиште, осветлување, опрема), реконструкција на кров и инсталација на громобранска заштита.

Реконструкција на ОУ „Маршал Тито“ - с.Лабуништа

Опис на проектот

За потребите на проектот за реконструкција на училишна зграда ОУ„Маршал Тито“ с.Лабуништа, општина Струга, Линика Инженеринг изврши лимарски работи, реконструкција на кров и инсталација на громобранска заштита.

Реконструкција на ОУ „Кочо Рацин“ - Охрид

Опис на проектот

При реконструкцијата на училиштето „Кочо Рацин“ во Охрид, Линика Инженеринг изврши монтажа на PVC столарија и електроинсталација.

Набавка на хидротехничка опрема - Видовиште

Опис на проектот

За потребите на проектот за набавка на хидротехничка опрема за проектот за оспособување на селски водовод во село Видовиште, општина Зрновци, Линика Инжененринг изврши набавка, транспорт и монтажа на овални затварачи, набавка, транспорт и монтажа на главен пловен вентил.

Реконструкција на ОУ „Орце Николов“ - Ињево

Опис на проектот

За проектот за реконструкција на училиште „Орце Николов“ во Ињево, општина Радовиш, Линика Инженеринг изврши реконструкција на кров и инсталација на громобранска заштита.

Реконструкција на ОУ „Д.А.Габерот“ - Бистренци

Опис на проектот

За проектот за реконструкција на училиште „Д.А.Габерот“ во Бистренци, општина Демир Капија, Линика Инженеринг изврши реновирање на хол, ходници, училници, канцеларија, магацинска просторија и кујна/трпезарија.