Нешто за Нас
Линика Инженеринг ДОО е приватнa компанија за инженеринг, градежништво, трговија и услуги основана во 2007 година, со седиште во Скопје, Р.Македонија. Линика Инженеринг е ориентирана кон советување, планирање, изработка и реконструкција на објекти преку директни контакти со корисниците.
Голем дел од проектите кои ги работиме се посветени на изградба, реконструкција и модернизација на објекти, од кои најголем број училишта со цел создавaње на современи услови за извршување на наставниот процес и градење на енергетски ефикасни училишта.
Линика Инженеринг ДОО работи на непрекинат развој и експанзија на услугите кои ги нуди – сите базирани на различните потреби на нашите клиенти, како и на технолошките и бизнис промени на пазарот.
Линика Инжинеринг ви нуди решенија, кои целосно ќе ги задоволуваат вашите потреби. Тоа подразбира комплетeн сервис до клуч на рака - имотен лист без чекање низ институциите. Нашиот тим не ги надминува договорените рокови за своите проекти, а истовремено работи и на одржување на високото ниво на професионални стандарди за квалитет.
Нашиот тим
Решенијата не ги развиваат компаниите, туку луѓето.
Нашиот тим е составен од високо обучени професионалци, со богато искуство во градежништвото и од млади, креативни, стручни и динамични лица кои прифаќаат предизвици поврзани со стекнување на нови знаења и вештини.
Интересот на Линика Инженеринг е да го унапредува постоечкиот кадар, но и да вработува млади и амбициозни лица, овозможувајќи им удобна работна атмосфера, можност за понатамошна едукација и развој, работа во динамичен и перспективен тим.
Ние веруваме дека токму вработените се оние кои ја прават нашата компанија успешна. Со посвета на изработката на нашите проекти се доближуваме до Вас и до Вашите потреби.