ЛОГИСТИКА

ЗА УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ!

Линика Инженеринг дава изобилие на логистички услуги, почнувајќи од логистика за набавки, маркетинг истражување, управување со набавки, преку логистика за производство, дизајнирање на организациски концепти, дизајнирање и уредување на работен простор и планирање на производство, па се до логистика за дистрибуција и транспорт во Македонија како и на глобално ниво.

Реализацијата на долгорочните и амбициозните бизнис цели на компанијата е блиску поврзана со постојано вложување и инвестирање во работниот тим на компанијата. Долгорочната бизнис стратегија на Линика Инженеринг ДОО е создавање на вредност базирана на сатисфакција и на клиентот и секако на своите вработени, кој бара олеснување во работењето, зголемена ефикасност и продуктивност.

Нашата визија е зголемен број на задоволни коминтенти, задоволни вработени, интегрирање на висока светска технологија и работење по највисоките стандарди за квалитет, како би ја задржале и зголемиле довербата на нашите клиенти.