ДИСТРИБУЦИЈА

За успешена заштита!

Системите за громобранска заштита се променија драстично откако Бенџамин Франклин за прв пат ги измисли громобраните во 1752 година. Денешните системи мора да бидат во чекор со развојот на модерната технологија и да ги штитат современите апарати, електричните системи и објектите воопшто.

Секоја година голем број домови и имоти се оштетени или уништени од струјни удари, а опасноста по човечкиот живот е најголема. Од многубројните деструктивни атмосферски феномени, како урагани, поплави, пожари, громот е единствениот феномен од кој може економски да си дозволиме да се заштитиме.

За да бидеме во чекор со развојот на технологијата и да делуваме пред времето, компанијата Линика Инженеринг стана дистрибутер на производите за надворешна громобранска заштита од врвниот бренд TSTLP за територијата на Република Македонија. Со тоа нашата компанија уште еднаш им излегува во пресрет на своите клиенти нудејќи им современа заштита од природните феномени во согласност со меѓународните стандарди и прописи во областа на громобранската заштита.