ДЕТАЛИ ЗА НОВОСТИ

Воведување на ISO 14001:2015 и OHSAS 18001:2007

Опис на новост

Успешно спроведената сертификација на ISO 14001:2015 и OHSAS 18001:2007 стандардите

Со задоволство ве информираме дека Линика Инженеринг се здоби со сертификат и за стандардите ISO 14001:2015 и OHSAS 18001:2007 по успешно спроведената сертификација како што веќе беше најавено по претходната сертификација на стандардот ISO 9001:2015.

На 13 и 17.02.2017 година овластени претставници на компанијата DAS SEE, која е агент на сертификационото тело DAS Certification Limited од Велика Британија, изврши проверка на Интегрираниот систем за управување со квалитет, заштита на животната средина и безбедност и здравје при работа на компанијата Линика Инженеринг и заклучи дека истиот е во согласност со барањата на стандардите ISO 14001:2015 и OHSAS 18001:2007, покрај барањата на стандардот ISO 9001:2015, и дека се почитува од страна на вработените.

Активностите на компанијата продолжуваат во насока на целосна и ефективна примена и континуирано подобрување на воведениот Интегриран систем за управување со квалитет, заштита на животната средина и безбедност и здравје при работа согласно наведените стандарди.

Воведување на ISO 9001:2015

Опис на новост

Успешно спроведената сертификација на ISO 9001:2015 стандардот

Задоволство ни е да ве информираме дека Линика Инженеринг се здоби со сертификат за стандардот ISO 9001:2015, по успешно спроведената сертификација.

На 09-10.02.2017 година, овластен претставник на компанијата DAS SEE, која е агент на сертификационото тело DAS Certification Limited од Велика Британија изврши интерна проверка на систем за квалитет на компанијата Линика Инженеринг и заклучи дека истиот е во согласност со барањата на стандардот ISO 9001:2015 и дека се почитува од страна на вработените.

Активностите на компанијата продолжуваат во оваа насока за што доказ е нашиот следен чекот – воведување на Систем за менаџмент со здравјето и безбедноста при работа, согласно барањата на стандардот OHSAS 18001.

Отворено новоизграденото училиште „Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонско пријателство“

Опис на новост

Со почеток во 12 часот свечено беше отворено новоизграденото училиште “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонско пријателство” во населба Драчево, општина Кисела Вода. Особена чест и задоволство ни претставува што компанијата Линика Инженеринг е изведувач на овој објект и што уште еднаш со нашата работа и посветеност успеавме да придонесеме во создавaњето на современи услови за едукација на најмладата генерација, како и за извршување на наставниот процес и градење на енергетски ефикасни училишта.

Објектот го отворија министерот за образование и наука на Република Македонија Абдилаќим Адеми, градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и амбасадорот на НР Кина во РМ, неговата екселенција Вен Џеншун.

Новото училиште во населбата Драчево се протега на 4500 квадратни метри во кои се сместени 35 училници, 5 модерно опремени кабинети и библиотека. Во дворот кој се протега на 16000 квадрати ќе има фудбалско игралиште, кошаркарско игралиште, атлетска патека, простор за слободни активности на отворено. Средствата за овој објект се обезбедени како дел од склучениот договор на Владите на Република Македонија и НР Кина за билатерална соработка.

Повеќе информации за објектот ќе најдете и на веб страната на општината Кисела вода.

Линика Инженеринг со нов деловен простор

Опис на новост

Компанијата Линика Инженеринг се здоби со нов сопствен деловен простор во строгиот центар на градот Скопје, на булевар Климент Охридски. Деловниот простор е на површина од 120 квадратни метри.

Г-нот Раде Петровски свечено го пушти во употреба новиот деловен простор, во присуство на гостите од Народна Република Кина, кои во тој момент беа во посета на нашата компанија.

Меѓународната конференција за “Национални стратегии за безбедност“

Опис на новост

Компанијата Линика инженеринг учествуваше на меѓународната конференција за „Национални стратегии за безбедност“ која се одржа во хотел Радика во Маврово од 25-28 април 2013 година.

Во текот на првиот ден свое обраќање на конференцијата имаа:

– Милан Петковски - претседател на МЗЗПР
– Мирјана Андреска - претседател на КСС
– Живко Митревски - претседател на ССМ
– Ангел Димитров - претседател на ОРМ
– Агим Шаќири - претседател на совет за БЗР

Презентации согласно темата:
– Тим Трегенза - Европска агенција за безбедност и здравје при работа
– Сузана Маневска - Министерство за здравство
– Уно Абрахамсен - Државен инспекторат за труд, Норвешка
– Деран Вилијамс - Европска банка за обнова и развој
– Гавин Лонерган - Управа за безбедност и здравје при работа, Ирска
– Омер Серт - Генерален директорат за безбедност и здравје при работа, Турција
– Живослав Марковиќ - Управа за безбедност и здравје при работа, Србија
– Фросина Џино - Државен инспекторат за труд, Албанија

Во текот на вториот ден презентации одржаа:
– Едуард Брунер - Државен секретаријат за економски прашања – дирекција за труд, Швајцарија
– Улрике Болман - Европска мрежа за образование за безбедност и здравје при работа
– Агим Милаку - Државен инспекторат за труд, Косово
– Матија Филиповиќ - Национален совет за БЗР, Хрватска
– Франк Дехаск - Федерален сервис за вработување, труд и социјален дијалог, Белгија
– Горан Враниќ - Републичка управа за инспекциски работи, Република Српска

Како резултат од оваа конференција произлегуваат здобиените искуства од имплементација на Национални стратегии со БЗР на Европско ниво, искуства од Балканските земји и сите релевантни институции поврзани со БЗР во Македонија.

На конференцијата претставниците на Линика Инженеринг се здобија со сертификати од областа на безбедност и здравје при работа.

повеќе

Станбено деловен објект - Скопје

Опис на новост

Објектот се наоѓа на улица Востаничка бр.2 во општина Центар, на падините на Водно. Избраната локација нуди исклучително брз сообраќаен и пешачки пристап до строгиот центар на Скопје. Во непосредна близина на објектот се наоѓаат три основни училишта и две детски градинки. Заради поголемата надморска височина во однос на центарот, како и непречениот тек на свеж и чист воздух од планината Водно, локацијата нуди одлични услови за живеење и домување. Објектот е самостоен (не е лепенка), а становите нудат прекрасен поглед на центарот на градот.

Станбениот објект (П+2+Пк) поседува 2 деловни, 2 трособни, 4 дуплекси и два четворособни станови по проектантско решение наречено ХИБРИД. Интенцијата на инвеститорот Еликософт Раде Дооел е да им овозможи чувство на идните сопственици за индивидуално домување, уникатност и пријатен амбиент. Сите станови имаат големи стаклени површини со цел да се овозможи поголема светлина и визури кои порадаи убавата поставеност на објектот се присутни од сите страни. Пријатниот зимски амбиент го збогатуваат камини обработени во камен во сите станови. За поголем комфор е предвидено индивидуално греење. За поголема ексклузивност на целиот објект завршната обработка предвидува висококвалитетни материјали, под обработен од дабов паркет, италијански плочки од прва класа, влез во гранитни плочки и ограда на терасите од чадено стакло. Партетот на објектот ќе се реализира со високо ниво на хортикултурно уредување и надворешно осветлување. Објектот поседува внатрешен лифт, покриен паркинг простор за 11 возила.

Погледни детални информации во каталогот за овој објект на следниот линк.